8ми Септември - Светски ден на Физиотерапевтите

На сите членови, пријатели и поддржувачи на нашето Здружението, Среќна нова 2022 година, многу среќа, здравје, и успеси во приватниот и професионалниот живот.
Со задоволство Ве информираме дека курсот по Mulligan техника ќе се одржи од 16-18 октомври 2020 год. во Скопје. Секој учесник на курсот добива детална скрипта што е предвидена за курсот А, т.е. мобилизација на горен дел на телото, вклучувајќи ја и торакалната регија. Секој што ќе го заврши курсот добива светски признат сертификат кој се заведува во централата на Mulligan.
Чест и задоволство ми е во името на Здружението на Професионални Физиотерапевти на Македонија, на сите колеги и колешки, да им го честитам Светскиот ден на Физиотерапевти и посакам многу здравје и успех во професионалната работата!
Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија е независна и непрофитна асоцијација која ги обединува сите физиотерапевти на територијата на Република Македонија, без оглед на националната припадност и политичкото убедување и има својство на правно лице.
Физиотерапевтот е здравствен работник кој самостојно и одговорно ги извршува своите обврски и ја води физиотерапевтската рехабилитација. Работи со сите старосни групи пациенти од сите национални и политички определувања. Физиотерапевтот е оспособен за соработка во постапките на физиотерапевтската проценка како и за давање на терапија и рехабилитација / хабилитација на пациентите.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |