ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!
Ги молиме сите наши колеги физиотерапевти во ова лошо време да останат смирени и фокусирани на личната заштита, заштита кон пациентите како и своите најблиски.
Нашата гранка (како и поголем дел на гранки во медицината) е изложена на близок и постојан контакт со пациенти. Физиотерапевтите се во континуиран контакт со болните, не еден ден, туку со недели и месеци. Многу луѓе и не знаат со какви се пациенти работиме и кои се ризици постојат во рехабилитација. Обичниот граѓанин од многу причини, тоа не може ниту да го види, а и нема потреба.
Во оваа вонредна состојба бидете на висина на задачата и бидете во личен ФОКУС за случувањата околу вас.
Најголем проблем е граѓанската неодговорност и несериозност, посебно меѓу здравствените работници кои треба да бидат на првата линија на заштита. Сведоци сме на неприфатливи пропусти на сите нивои на здравствена заштита. И затоа апелираме до сите физиотерапевти, својата сериозност и својата професионалност да ги стават во служба на работата.
ВЕ МОЛИМЕ за да не се случи колапс на здравствениот систем кој мора да ги згрижи сите пациенти, БИДЕТЕ СОВЕСНИ И ПРЕТПАЗЛИВИ.
Претседател на ЗПФТ
м-р Горан Саневски, дпл.,фт