Print

Курс по Mulligan техника (16-18.10 2020)

Written by Главен уредник.

Почитувани колеги и колешки
 
Со задоволство Ве информираме дека курсот по Mulligan техника ќе се одржи од 16-18 октомври 2020 год. во Скопје. Секој учесник на курсот добива детална скрипта што е предвидена за курсот А, т.е. мобилизација на горен дел на телото, вклучувајќи ја и торакалната регија. Секој што ќе го заврши курсот добива светски признат сертификат кој се заведува во централата на Mulligan.
 
Нашето Здружение веќе неколку пати е организатор на оваа прекрасна техника. Нашето искуство ни говори дека сите физиотерапевтите кои ја завршија едукацијата многу полесно се справуваат со коскено-зглобните предизвици во својата работа.
 
За сите потребни информации можете да не контактирате преку:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., преку нашата фејсбук страна Profesionalni Fizioterapevti или преку телефот, лице за контакт Горан Саневски, 075/525-011

Кои сме ние?

Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија е независна и непрофитна асоцијација која ги обединува сите физиотерапевти на територијата на Република Македонија, без оглед на националната припадност и политичкото убедување и има својство на правно лице.

 

 

 

 

 

 

 

Што е физиотерапевт?

Физиотерапевтот е здравствен работник кој самостојно и одговорно ги извршува своите обврски и ја води физиотерапевтската рехабилитација. Работи со сите старосни групи пациенти од сите национални и политички определувања. Физиотерапевтот е оспособен за соработка во постапките на физиотерапевтската проценка како и за давање на терапија и рехабилитација / хабилитација на пациентите.

 

 

Спонзори

Copyright © 2024 Здружение на професионални физиотерапевти на Република Македонија. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU General Public License.