Работилница за Бобат техника - “Невролошки развоен третман“ (26.10.2017)

Ве известуваме дека Здружението на Професионални Физиотерапевти на Македонија организира работилница за Бобат техника. Работилницата ќе ја води познатиот светски инструктор Сакис Адамидис од Грција. Не ја пропуштајте можноста да се запознаете со една од врвните невролошки техники. Bobath и во Македонија! Претседател
м-р Горан Саневски
Осми број на списанието „Физиотерапија македоника“ Рехабилитација на ретки заболувања
СОДРЖИНА
1. Весна Алексовска - Ретки болести во Република Македонија
2. Горан Саневски - Херба панацеа, надеж или фикција
3. Прв европски договор помеѓу лекари и физиотерапевти
4. Деан Шкартов - Кристалотерапија (Светот на кристалите)
5. Горан Саневски - Пракса базирана на докази
6. Интервју со Ребека Јанковска - Ристески
7. Маја Улк - Фасција, сврзно ткиво во човековиот организам
8. Мирјана Златковиќ - Артрогрипоза (Arthrogryposis multiplex congenita)
9. Славен Меѓимурец - Како повијесно повезати македонски и хрватски народ удаљен готово 1000 км
10. Ивана Павлоска - Osteogenesis imperfecta - Кршливи коски
11. Ирена Ицовска - Улогата на физиотерапевтот кај пациенти со деменција
Прва регионална конференција на физиотерапевти, 2-3 Септември 2016
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Здружението на Професионални Физиотерапевти на Македонија ја организира Првата Регионална Физиотерапевтска Конференција од 02-03 IX. 2016 година во Скопје, во Хотел Порта. Ги повикуваме сите заинтересирани колеги и колешки да земат учество. На Конференција ќе имаме видни предавачи кои ќе зборат за предизвиците со кои се сретнуваме во физиотерапијата како и решенија за надминување на истите. Програмот е содржи четири пленарни сесии:
1. Едукација во физиотерапија
2. Коморна работа
3. Услови и цена на труд
4. Физиотерапија базирана на докази
На Kоференцијата ќе бидат присутни и првите луѓе на Европската регија на Светската конфедерација на физиотерапевти, претседателката Г-ѓа Сара Базин и член на извршниот одбор Џон ди Каро.
Повелете, Ве чекаме!
Претседател на ЗПФТ
м-р Горан Саневски
Прв Конгрес на Здружението на Физиотерапевти на Република Српска
Од 18-21 Мај во Бања Лука, Република Српска-БиХ ќе се оддржи Прв Конгрес на Здружението на Физиотерапевти на Република Српска.
Сите информации можете да ги најдете на нивната веб страна: http://ufrs.net
Прво Известување (688KB)
Прв конгрес на лица со посебни потреби
На покана на Претседателката на Здружението „Дајте ни Крилја“, Ребека Јанковска-Ристески, Ве покануваме на Првиот меѓународен Конгрес на лица со посебни потреби.
Конгресот ќе започне на 13-ти октомври во хотелот Александар Палас во Скопје, заедно со Педијатриската школа. На 14-ти и 15-ти октомври (петок и сабота), Конгресот продолжува во Конгресниот центар на Скопски Саем со научни предавања и најразлични области со домашни и страни предавачи. Паралелно со научните предавања, во Конгресниот центар на Скопски Саем, ќе се одвиваат и неколку работилници. Како последна манифестација, на 16-ти октомври (недела), во Дом на АРМ по трет пат ќе се одржи Балот на различности. На балот ќе настапат музичари, актери, водители од земјава и странство, каде во секој сегмент се вклучени и лица со посебни потреби.
Здружението на Професионални Физиотерапевти на Македонија е партнер на Првиот Меѓународен Конгрес на лица со посебни потреби, и нашата соработка продолжува за доброто на нашите пациенти.
Сите информации можете да ги најдете на страната на Здружението Дајте ни Крилја: http://www.dajtenikrilja.mk/
Програма (2.65MB)
ВЕ ЧЕКАМЕ
А ЗОШТО ДА НЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ?
ДА ГИ СПОИМЕ НАШИТЕ СВЕТОВИ!