Print

Членство

Written by Главен уредник.

Како да станете член

Редовен член е секој здравствен работник, државјанин на Република Македонија кој има стручна квалификација од областа на физиотерапијата.

Студентите по физиотерапија исто така можат да бидат членови и плаќаат ½ од вкупната редовна членарина.

Со пополнување на пристапницата за членство во ЗПФТ, се потврдува припадноста кому му се дава можност за делување во рамките на Здружението.

Прагматичното соочување со предизвиците е чекор напред во реализација на целите и замислите кои произлегуваат од веќе дефинираните примарни цели и активности.

За сите активности: курсеви, работилници, стручни предавања и други видови на организирање, членовите имат предност во однос на останатите.

Пристапницата можете да ја пополните онлајн или да ја испечатите и пратите на нашата адреса која е на пристапницата како и на нашата e-mail адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

 Преземи пристапница 

Кои сме ние?

Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија е независна и непрофитна асоцијација која ги обединува сите физиотерапевти на територијата на Република Македонија, без оглед на националната припадност и политичкото убедување и има својство на правно лице.

 

 

 

 

 

 

 

Што е физиотерапевт?

Физиотерапевтот е здравствен работник кој самостојно и одговорно ги извршува своите обврски и ја води физиотерапевтската рехабилитација. Работи со сите старосни групи пациенти од сите национални и политички определувања. Физиотерапевтот е оспособен за соработка во постапките на физиотерапевтската проценка како и за давање на терапија и рехабилитација / хабилитација на пациентите.

 

 

Спонзори

Copyright © 2024 Здружение на професионални физиотерапевти на Република Македонија. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU General Public License.