Кодекс на физиотерапевтска етика и деонтологија
Врз основа на член 5, 18 и 20 од Законот за здруженија на граѓани и фондации (Службен весник на РМ бр. 31/98 и 29/07), Собранието на Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија на својата седница одржана на 06.10.2009 година, донесе
КОДЕКС НА ФИЗИОТЕРАПЕВТСКА ЕТИКА И ДЕОНТОЛОГИЈА
на професионални физиотерапевти на Република Македонија
Кодексот на физиотерапевтската етика на професионалните физиотерапевти на Република Македонија го одредува значението и улогата на физиотерапевтите во здравствениот сектор и општеството во целина и дава насоки за развој на физиотерапевтската работа. Правилното насочување и извршување на физиотерапевтската работа во здравствени цели, е приоритет и императив на професионалните физиотерапевти на Република Македонија.
Кодекс на физиотерапевстката етика и деонтологија налага:
- Ги почитува правата и достоинството на секој човек
- Одговорност и независност во физиотерапевтската работа
- Професионалност во работата на физиотерапевтите
- Професионална физиотерапевтска поставеност кон пациентот и заштита на личните податоци
- Физиотерапевтски однос кон соработници
- Физиотерапевт во општеството
- Завршни одредби
Етички принцип 1
Почитување на правата и достоинството на секој човек
Секој човек без разлика на старост, пол, раса, национална припадност, религија, етничка припадност, вера, сексуална ориентација, здравствен статус, неспособност, политичка ориентација и друга разлика, пациентите имаат право на :
- високо квалитетна услуга
- информација
- поверение
- пристап до податоци
- здравствена инструкција
Етички принцип 2
Одговорност и независност во физиотерапевтската работа
Примарна улога на физиотерапевтот е грижа за одржување, подобрување и обновување на здравјето на пациентот. Во својата работа е совесен и достоинствен и ги почитува правата на пациентот. Во рамките на сопствената стручност и законите, во својата работа е самостоен и одговорен на лекарот. Физиотерапевтот во границите на својата стручност не дозволува изведување на погрешна терапија. За сите свои одлучувања и работа, лично е одговорен.
Етички принцип 3
Професионалност во работата на физиотерапевтите
Физиотерапевтот има право и должност, преку општествените организации и на друг начин да си бара соодветна евалуација (напредок) и углед за својата работа. Со постојаното образование го зачувува и подобрува нивото на своето стручно знаење и изведување на терапија. Ги избира и изведува само тие техники, методи и постапки на физиотерапевтски третман за кои е оспособен. Ги поддржува и изведува сите активности за спречување на болести и подобрување на здравје кои ги водат или препорачуваат стручните институции. Со најдобра намера соработува во организации кои се грижжат за напредокот и развојот на професијата.
Етички принцип 4
Професионална физиотерапевтска поставеност кон пациентот и заштита на личните податоци
Физиотерапевтот е должен да помага на секој човек, кој има потреба од итна неопходна медицинска помош. Притоа е свесен дека пациентот има право да е почитуван, да може сам да одлучува, да има право на физички и душевен интегритет како и лична заштита, право на почитување на приватност, лични морални и културни вредности и пред се на право за најдобра можна здравствена заштита. Физиотерапевтот е должен да го извести пациентот за текот, ефектите и целта на трошоците за лечењето. Податоците смее да ги употребува само во корист на пациентот, во спротивно ги чува од јавноста. Физиотерапевтот во однос со пациентот избегнува да ги дава податоците кои не се во негова надлежност и тие за кои со право мисли дека би можеле да ја загрозат неговата состојба и здравје.
Етички принцип 5
Физиотерапевтски однос кон соработници
Должност на физиотерапевтот е, да на своите колеги и останати соработници го пренесува своето знаење и искуство. Се залага за принципи (начела) на лична и професионална етика и тоа го очекува и од другите соработници. Во дух на тие начела (принципи), на соработниците секогаш помага и ги подржува, ги почитува и се труди за меѓусебно поверение. Во пример на спор се залага за споразумно решение и притоа по потреба ги моли за помош одговорните органи од стручната институција. Физиотерапевтот е должен да го опомене прекршителот на личната и професионална етика во случај кога е загрозено здравјето на пациентот и за тоа ги известува одговорните институции.
Етички принцип 6
Физиотерапевтот во општеството
Физиотерапевтот соработува во aктивностите и програмите наменети за известување на јавноста со цел на очувување на здравјето. Не склучува несоодветни договори со други здравствени и останати стручни лица на штетa на пациентот или трето лице. Огласува и ги рекламира физиотерапевтските ефекти и техничките помагала во согласност со законот, при што ги почитува принципите на достоинството на физиотерапевтот и неговата етика. Не штети на никој, не го отргнува од конкурентските понуди. Физиотерапевтот е должен да опоменува во случај на злоупотреба и останати појави кои се однесуваат на штета на струката.
Завршни Одредби
Кодексот на етика на професионалните физиотерапевти на Република Македонија и одредби на кодекси на меѓународните институции, ги обврзува сите физиотерапевти кои таа професија ја извршуваат во општествениот или приватен сектор. Сите прекршители ги пријавува и против нив дејствува во согласност со Статутарните одредби и законот на Република Македонија.
Кодексот на физиотерпевтската етика и деонтологија го усвои Собранието на Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија и почнува да важи веднаш.
Претседател
Елизабета Цоневска