ПРВ КОНГРЕС - „ФИЗИОТЕРАПЕВТСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 21ВЕК“
ПРВ КОНГРЕС
Хотел Ривиера, ОХРИД--Македонија
17- 20 септември 2015
Здружението на професионални физиотерапевти на Македонија го организира Првиот Конгрес на професионални физиотерапевти на Македонија со меѓународно учество. Конгресот има за цел, приближување на интересните свери на сите физиотерапевти од регионот, и меѓусебна размена на искуство.
„ФИЗИОТЕРАПЕВТСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 21ВЕК“
Почитувани колеги и колешки
Чест и задоволство ни е да Ве поканиме на првиот Конгрес нa професионални физиотерапевти, со меѓународно учество, во организација на Здружението на професионалните физиотерапевти на Македонија кој ќе се одржи во Охрид од 17-20 септември 2015 година. На Конгресот сите учесници ќе имаат можност да се запознаат со многу нови достигнувања во рехабилитацијата, неврофизиотерапијата, хипорехабилитација и многу други области, кои се од интерес за нашата струка. На Конгресот ќе бидат присутни истакнати стручњаци од Македонија и регионот.
Tеми
1. Рехабилитација кај деца
2. Неврофизиотерапија
3. Рехабилитација во ортопедија
4. Кардиореспираторна физиотерапија
5. Рехабилитација на спортски повреди
6. Хипорехабилитација
7. Терапевтско пливање
8. Слободни теми
Партнер на Конгресот: Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болети и посебни потреби „ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА“.
Добредојдовте во Охрид!
Претседател
м-р Горан Саневски
ИНФОРМАЦИИ
На нашата веб страна можете да ги превземете дополнителните информации во врска со Конгресот, www.zpft.org, или преку нашиот фејсбук профил »професионални физиотерапевти«.
Место на одржување на Конгресот и сместување
Хотел Ривиера се наоѓа во самиот центар на градот Охрид, покрај Охридското езеро. Резервација на телефон /++389 46 209 900, или преку е-маил / This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Цена на котизација
Цената на котизацијата до 01.06.2015, изнесува 50€ (со ДДВ). После овој датум, котизацијата ќе изнесува: до 30 јуни 60€, од 30 јуни до 31 јули 70€ и од 31 јули до 17 септември 80€. Можност за плаќање преку нашата денарска или девизна жиро сметка:
Здружение на професионални физиотерапевти на Република Македонија-ЗПФТ.
- Денарска жиро сметка: 300000002997336. Банка депозитор: Комерцијална Банка АД Скопје (за Македонија)
- Девизна жиро сметка: S.W.I.F.T. KOBSMK2X. Iban: MK07300701002686382 (за останати земји)
Дополнителни информации
Сите прашања и одговори ќе ги добиете преку нашата е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.