Print

Соработка

Written by Главен уредник.

Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија соработува со здруженијата како од земјата така и странство.

Тие се наши партнери со кои заеднички ги усогласуваме и развиваме нашите идеи и размислувањата во врска со физиотерапијата. Хрватскиот збор на физиотерапевтите, Здружението на физиотерапевтите на Србија, Здружението на физиотерапевтите на Република Српска, како и Здружението на физиотерапевтите на федерацијата на Босна и Херцеговина се пријатели на Здружение.

Невладиниот сектор и институциите кои имат допирни точки со физиотерапијата се исто така важен елемент за соработка и реализација на проекти од заеднички интерес. Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби Дајте ни крилја, Дневниот центар за лица со церебрална парализа-Скопје,  како и Мобилноста предизвик (Mobility Challenge) се субјекти од посебен интерес.

Неопходноста од ваквиот однос на соработка ја одредува и успешноста на самото постоење.

Кои сме ние?

Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија е независна и непрофитна асоцијација која ги обединува сите физиотерапевти на територијата на Република Македонија, без оглед на националната припадност и политичкото убедување и има својство на правно лице.

 

 

 

 

 

 

 

Што е физиотерапевт?

Физиотерапевтот е здравствен работник кој самостојно и одговорно ги извршува своите обврски и ја води физиотерапевтската рехабилитација. Работи со сите старосни групи пациенти од сите национални и политички определувања. Физиотерапевтот е оспособен за соработка во постапките на физиотерапевтската проценка како и за давање на терапија и рехабилитација / хабилитација на пациентите.

 

 

Спонзори

Copyright © 2024 Здружение на професионални физиотерапевти на Република Македонија. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU General Public License.