Print

Што е физиотерапевт?

Written by Главен уредник.

Физиотерапевтот е здравствен работник кој самостојно и одговорно ги извршува своите обврски и ја води физиотерапевтската рехабилитација. Работи со сите старосни групи пациенти од сите национални и политички определувања. Физиотерапевтот е оспособен за соработка во постапките на физиотерапевтската проценка како и за давање на терапија и рехабилитација / хабилитација на пациентите. Физиотерапевтот работи според етичките и стручните начела на здравствениот работник во склад со етичкиот кодекс на физиотерапевтите.

Темелно образование се физиотерапевтските стручни студии на Високата школа за физиотерапевти. Физиотерапевтот стекнува знаења на полето на физиотерапијата и рехабилитацијата, и врз основа на физиотерапевтскиот преглед и проценка го дефинира проблемот и поставува физиотерапевтска дијагноза.

 Со останатите членови на тимот тесно соработува и ја одржува комуникацијата со пациентот и неговите најблиски.

 

Кои сме ние?

Здружението на професионалните физиотерапевти на Република Македонија е независна и непрофитна асоцијација која ги обединува сите физиотерапевти на територијата на Република Македонија, без оглед на националната припадност и политичкото убедување и има својство на правно лице.

 

 

 

 

 

 

 

Што е физиотерапевт?

Физиотерапевтот е здравствен работник кој самостојно и одговорно ги извршува своите обврски и ја води физиотерапевтската рехабилитација. Работи со сите старосни групи пациенти од сите национални и политички определувања. Физиотерапевтот е оспособен за соработка во постапките на физиотерапевтската проценка како и за давање на терапија и рехабилитација / хабилитација на пациентите.

 

 

Спонзори

Copyright © 2024 Здружение на професионални физиотерапевти на Република Македонија. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU General Public License.